Тајните за убавина на египетските жени | Trendseteri
Menu

Тајните за убавина на египетските жени

Тајни стари 5000 години

 

Древните египјани ја обожавале убавината. Тогашните жени знаеле мноштво на трикови за негата на телото.

На пример, Клеопатра ја обожавала купката од магарешко млеко, или пак јагленот кој го користеле жените за да ги нацртаат славните мачкини очи.

 

Масло од бадем, рицинус, рузмарин и маслиново масло. 

 

Посебно внимание жените од Египет посветувале на косата, па така тие ставале масло од бадем и рицинус, а за раст на косата користеле масло од рузмарин. Од маслиновото масло правеле маски за коса за да ја зајакнат и нахранат. Освен тоа, маслиново масло и млеко користеле како хидратантна крема.

Морска сол

 

Морската сол била една од најпопуларните тајни за убавина во стариот Египет. Мажите им ја носеле од Мртвото море, за да ја користат како пилинг за нежна и светла кожа.

Мед и млеко 

 

Добро познатата тајна на Клеопатра. Медот и млекото биле омилени beauty состојки на жените од високите кругови. Додека Клеопатра уживала во такви купки, другите жени користеле поедноставни трикови – ја ставале смесата на лицето како маска или само како пилинг за тело. Освен тоа, понекогаш додавале и неколку зрна грозје за совршен тен на кожата. Состојките се мешаат, се нанесуваат на кожата и се оставаат да делуваат неколку минути.

Сода бикарбона

 

Дали знаевте дека содата била составен дел од тогашната рутина за убавина. И неа ја користеле за пилинг, а за подобар резултат ја мешале со медот. За чиста, нежна и јака кожа.

Пржени бадеми

 

Египјанките пронашле одличен начин природно да ги направат веѓите потемни и полни. Користеле бадеми, еве како: на оган (или сега вие со запалка), кратко загрејте го врвот на бадемот додека кората од бадем не потемни за некоја нијанса. Додека бадемот е топол (но не и врел) протријте ги веѓите. Ова ќе направи сјаен, темен тен на веѓите кој после третманот се мие. Оваа постапка се повторува секоја вечер, барем два месеца и веѓите ќе ви бидат погусти и потемни.

Рогач 

 

Рогачот има облик на мешунка, со семки со темно кафеава боја, пријатен и слаткаст вкус кој потсетува на чоколадо. Оваа здрава билка освен што е богата со витамини и се користи во исхраната, се користела и во козметиката во форма на дезодоранс. Мелените семиња од рогачот ги мешале со миризливи масла за да ги спречат непријатните мириси на телото. Смесата се додава испод пазувите. Вишокот на прав го бришеле, а се што останува е пријатниот мирис.

Алое вера

 

Оваа лековита билка била обожавана уште од древните времиња кога служела за негата на кожата и косата на прекрасните жени од Египет. Листовите ги лупеле за да дојдат до сокот внатре и ги нанесувале на лицето и на телото како маска. Освен тоа, некогаш додавале и сода и таквата смеса ја користеле за лицето, нешто како денешниот пилинг. Така кожата на древните убавици го задржувала здравиот изглед и се регенерирала. Затоа оваа билка е позната и како билката на бесмртност, бидејќи го задржува младиот изглед на кожата.

Сок од лимон и шеќер

 

На сите веќе ни е позната депилацијата со шеќер, а оваа техника доаѓа од Египет. Славните убавици со помош на шеќерна паста ги отстранувале влакната од осетливите места како лицето и препоните и со истата ја отстранувале и мртвата кожа. Пастата ја правеле од шеќер, вода и сок од лимон.

Вода од Роза (трендафил)

 

Ова цвеќе се користело во древните времиња за борба против акни и лечење на лузните на кожата. Розите се ставаат во вода, се зовриваат додека цветовите не ја изгубат својата боја. Со таа магична вода (смеса) се миеле наутро и навечер за да го отстранат црвенилото од кожата. Розите не предизвикуваат иритации на кожата, па затоа се идеални за чувствителна кожа, а освен тоа ги чисти порите и ја контролира масната кожа.