Стаклениот мост во Кина почна да “се крши”
Една од најголемите атракции во Кина, односно познатиот стаклен мост кој е долг 430 метри се наоѓа 400 метри над земја и е сместен измеѓу два паркови во кинеската провинција Хунан, започна да “се крши” под нозете на туристите.
По минувањето на водичот на една туристичка група,а на стаклениот под се појавиле пукнатини и се слушале звуци на кршење. Човекот паднал на колена и започнал да вреска на цел глас. Од другата страна пак во исто време друг посетител сосем мирно го минувал мостот.
Локалната власт за медиумите изјави дека стаклото кое се крши е посебен панел со специјални ефекти и дека биле поставени на неколку делови од мостот за да го предизвикаат вниманието на туристите.
Ова видео стана вистински хит на социјалните мрежи. Погледнете: