Што да облечете кога не знаете како треба да се облечете?
Сите сме се нашле во ситуација кога сме поканети на некој настан или некое случување, но не знаеме како треба да изгледаме – дали да облечеме елегантен фустан или сепак елегантни панталони се сосема доволни?
Во овој случај, правилото „помалку е повеќе“ не важи. Затоа вреди да се потпрете на проверени, сигурни модни формули кои важат за секоја можна ситуација.