"Небо" – Сара Мејс во најпровокативно издание до сега! (ВИДЕО) | | Trendseteri
Menu

“Небо” – Сара Мејс во најпровокативно издание до сега! (ВИДЕО)

“Небо” – Сара Мејс во најпровокативно издание до сега! (ВИДЕО)

 

Сара Мејс на провокативен начин ги крши границите на конвенционалното со спотот за новата песна „Небо“. Видеото претставува екстатична изложба на нешто што е ново и свежо во македонската музика.

„Музиката е искра на мојот емоционален и интелектуален развој. Таа секојдневно ме поттикнува да размислувам динамично и да ја развивам мојата креативност. Во неа има безброј можности, безброј комбинации на стихови, звуци, ноти и стилови. Постои цел свет на музика кој само чека да биде испишан и креиран. Оваа моќ која ми ја дава музиката е всушност тоа што енергетски ме надополнува и ме мотивира да создавам“, вели Мејс.

Музиката на „Небо“ е на Сара Мејс, Иван Петровски и Неврус Бајрам, текстот е на Сара, аранжманот на Иван и Неврус, додека пак миксот и мастерот е на Горан Гешовски.

Видеозаписот е снимен во Македонски народен театар, со целосна режија и организација на Александар Ристовски Принц и со кореографија на Јана Петровска. За стајлингот и шминката беа задолжени модното студио ФРАН, Hair House, Signori и Dioptra Couture.

Ова е првиот сингл од проектот „Floating through space with Sarah Mace“, кој ќе биде претставен пред македонската публика со голема концертна промоција на 26-ти септември, на платото на Плоштад Мајка Тереза.