Сако над голи гради: Само да ја заскокотка фантазијата | Trendseteri
Menu

Сако над голи гради: Само да ја заскокотка фантазијата

Џенифер Анистон – вака заведуваат вистинските дами

Демонстрација на сексепил на најдобар можен начин – тоа го покажа Џенифер Анистон со нејзиниот најнов аутфит.

Ѕвездата на серијата “Friends” фотографирана на улиците на Њујорк додека се упатува кон студиото како гостин на популарната американска утринска програма.

За оваа прилика Анистон се одлучи на бизнис издание, тегет одело со тенки бели пруги, но тоа што најмногу привлече внимание е горниот дел кој го носи над голи гради. 

Благодарение на длабокиот V изразот што се постигнува со двојниот ред копчиња, дојде до израз нејзиното завидно и впечатливо деколте, поради кој Џенифер го привлече целото внимание.

Понекогаш за добар изглед не е воопшто потребен градник. Сако над голи гради ќе постигне двоен ефект, со него не откривате премногу, но доволно за да ја заскокотка фантазијата. Тоа го покажа и Џенифер Анистон. Овој тренд не излегува од мода со години.