Кај Ријана најсекси црн петок
Шопинг манијата позната како “black Friday” или “црн петок”, денес го затресе целиот свет, а оваа можност ја искористи и Ријана која има сопствена линија за долна облека “Savage x Fenty”. Сексепилната 31-годишна пејачка не ја пропушти можноста да објави на инстаграм фотографија на која позира во долна облека, која сама ја дизајнирала.
Ријана за black Friday нуди 65% попуст, а холахопките во кои позира рекордно се распродале по цена до 35 евра.