Ричард Брендсон на првиот крузер на Virgin Voyage | Trendseteri
Menu

Ричард Брендсон на првиот крузер на Virgin Voyage

Scarlet Lady подготвена за крстарење по океанот

Еден од најуспешните бизнисмени во светот, сопственикот на Virgin Group Ричард Брендсон го лансираше својот прв крузер и со тоа најави нов почеток на неговиот бренд во крузната индустрија.

Virgin Group која во сопственост има повеќе од 400 компании, меѓу кои најпознати се авионската “Virgin Atlantic”, врвните возови “Virgin Trains”, луксузните хотели низ светот, сега се насочува кон морињата и океаните, односно крузната индустрија “Virgin Voyages”.

Крузерот Scarlet Lady помина низ будното око на визионерот Брендсон, и како што беше најавено минатата година, Scarlet Lady ќе заплови на Карибите и Мајами во март 2020 година.

“Вирџин тимот создаде магија” коментира Брендсон.

Како што открива понатаму Брендсон, името Scarlet Lady е во чест на еден од првите авиони на Virgin Atlatic, а The Manor ноќниот клуб и сцената на бродот се именувани по името на едно од првите студиа Virgin Records, каде Rolling Stones, Paul McCartney и многу други ги имаат снимано своите албуми.

Како што открива понатаму Брендсон, името Scarlet Lady е во чест на еден од првите авиони на Virgin Atlatic, а The Manor ноќниот клуб и сцената на бродот се именувани по името на едно од првите студиа Virgin Records, каде Rolling Stones, Paul McCartney и многу други ги имаат снимано своите албуми.

Крузерот кој располага со 1330 кабини, од кои 78 се RockStar апартмани, 86% ќе имаат балкони и 93% ќе имаат поглед на океан, е дизајниран само за воздрасни односно 18+ години.

Располага со најразлични ексклузивни ресторани со различна понуда на храна од секој дел од светот, азиските специјалитети приготвени од корејската и кинеската кујна, до специјалитетите на европската кујна и Карибите. Ќе има и бројни места за пиење и забава, најразлични барови, фитнес и спа од светска класа, неограничен интернет, како и за прв пат во оваа индустрија, ќе го има и првиот салон за тетоважи.

Во април 2020 ќе биде инаугуративното пловење, а потоа во март почнува крстарењето на Scarlet Lady.

Во 2021 година се очекува да се лансира втората убавица Valiant Lady, проследено со уште два до 2023 година.