Природните жени се најубави | Trendseteri
Menu

Природните жени се најубави

Без оглед на белег кој го имаат, бемката на лицето или флеките по телото – тие се најубави


Секоја жена е убава таква каква што е – природна. Убавината е во чистотата. Жените кои што не се оптоварени со тоа дали им е носот крив или ушите поголеми отколку што замислиле дека треба да бидат, го знаат тоа. Затоа нивното внимание кон себе се одразува на одржување на кожата, косата но пред се здравјето!

Ваквите жени се големи противници на пластични интервенции. Пластичните операции ја менуваат природната суштина. Кога ќе се случи тоа, се појавува чувството како да се под маска, и за жал тоа е се со цел за да се исцелат комплексите и да се подигне сопствената самодоверба, иако тоа е на погрешниот начин. Секој човек има недостатоци, ниту еден од нас не е совршен, а нашите „маани“ се нашиот шарм!

За восхит се жените кои се противат на моделирањето на човечката визија преку скалпели, игли, ласери и други инструменти. Голема поддршка за сите кои ја негуваат сопствената природа и се чувствуваат добро во својата кожа.

Природните девојки се најубави! Нивните лица задолжително им се нацртани со смеа, солзи, гнев или тага. Тие достојно ги восприемаат своите недостатоци, се борат со своите комплекси, го градат својот карактер… За нив поважно е тоа што се случува во светот, поважни се писанијата во некоја книга и нивниот однос кон другите отколку големината на градите или шаренилото на нивната кожа, витилигото!

Elena Bojkova, vitiligo, Елена Бојкова, витилиго, бели, флеки