Популарната чанта пред една деценија е повторно "ин" | Trendseteri
Menu

Популарната чанта пред една деценија е повторно “ин”

Трендсетерките ја враќаат на голема врата популарната чанта од 2005 година

 

Ова не е ни прв ниту последен пат како се уверуваме дека модата навистина се врти во круг и трендовите всушност се повторуваат. Чантата која беше хит пред 15 години повторно на голема врата се враќа на модната сцена.

Оваа чанта беше актуелна во 2005 година, кога модниот бренд Прада ја претстави чантата Nylon & Saffiano, која без сомнежи стана една од најпосакуваните must have парчиња во тоа време.

Сега во 2020 Прада повторно ја враќа во тренд оваа популарна чанта на која не одолеаа ниту славните дами како Бела Хадид и Кендал Џенер.