Нов светски моден бренд од креациите на „нашата“ Ребека | Trendseteri
Menu

Нов светски моден бренд од креациите на „нашата“ Ребека

Бренд кој ќе им конкурира на врвните светски дизајнери


Имено, се работи за брендот „Potheads“ на „PH Clothing Company“ со седиште во Сан Франциско-САД, која е во сопственост и раководство на една од најатрактивните Македонки, Ребека Наумоска Ле Мон. 

Креациите кои моментално се изработуваат ќе бидат во стилот на 50тите години, кој се најавува како моден тренд за наредната година.

Успешната млада дама, која е по потекло од Скопје, по сплет на околности и нејзина среќа успеа да се школува во Германија. 

Минатата година се пресели во Сан Франциско/САД, каде што живее со нејзиниот сопруг Марк.

Со желба и напорна работа, Ребека успеа да придобие партнери кои и ја поддржуваат идејата за модниот бренд „Potheads“.

Како блиска пријателка на тимот на трендсетери, Ребека ни овозможи да ја следиме во нејзината работа и проект.

По прашањето како се чувствува и дали го работи тоа што сака, ни изјави… „Ова ми е сон од детсво и сум многу среќна. Со огромна поддршка од Марк без кој нема да успеев и неговите партнери, тој сон сега си го исполнувам“

Марк, сопругот на Ребека ја поддржува во нејзината работа како што доликува за еден сопруг и животен партнер.

По успешната промоција, започна работата на првата колекција која ќе биде достапна во 2020 година. 

Погледнете ги првите модели на новиот бренд „Potheads“ кои Ребека сама ги презентира.



Ребека со сопругот Марк



Канцелариите и седиште на „PH Clothing Company“