Елеганција во вашиот аутфит
Плисираното здолниште иако наликува на парче облека заборавено во вашиот плакар, сепак е број еден тренд оваа есен.
Интересен е фактот што ова парче облека може да се комбинира за секоја пригода – со маичка по кратки ракави или со елегантна блуза, со рамни чевли или со штикли – изборот е ваш.
И секако, обрнете внимание на деталите, како накитот, бојата на чанта и очилата за сонце. Внесете доза на елеганција во вашиот аутфит, а истовремено чувствувајте се пријатно и самоуверено.