Ова е ХИТ блуза за ладните денови | Trendseteri
Menu

Ова е ХИТ блуза за ладните денови

Мек, удобен и заборавен материјал, кој се враќа на големата врата во светот на модата. Време е да облечете ПЛИШ!

 
Пижами, домашни наметки и долен веш од плиш, резервиран за уживање во домот, беше инспирација на модните дизајнери во последниве неколку сезони да го вратат во мода и да ги претворат боди-то, обичните памучни блузи, плетивата и кошулите во софистицирани и раскошни парчиња од плиш.
 
Плишот ќе се задржи како водечки материјал во текот на зимскава сезона имајќи во предвид дека минатите ревии беа преполни со романтични модели во нежни бои, раскошни цветни примероци и женски одела од плиш. 
 
Погледнете ја галеријата колку плишот изгледа раскошно, модерно, елегантно…

Photos: Instagram