Овој џемпер достигна цена од 334.000 долари | Trendseteri
Menu

Овој џемпер достигна цена од 334.000 долари

Продаден најскапиот џемпер на светот

Волнениот џемпер на лидерот на групата Нирвана, Курт Кобејн кој го носеше во 1993 на Unplugged специјалот за МТВ, продаден е на аукција во Њујорк од страна на аукциската куќа Џулиенс.

Овој џемпер кој не е испран речиси 3 децении, со флеки, не мириса баш сјајно и има дупка од цигара достигна неверојатна цена од 334.000 долари.

Многу ни е важно да биде потполно автентичен, затоа никогаш не ни го исправме. Има 5 копчиња, но едно недостасува. Има дупка од цигара, повеќе флеки и 2 џепови”– изјавува претседателот на аукциската куќа.

Првично овој џемпер е проценет на 200.000 за да на крај достигне цена од 334.000 долари.

Поради огромниот успех на групата Нирвана која е основана 1987 година, Кобејн борејќи се со славата, со депресија и завист од дрога, се самоуби на 27-годишна воздраст, во 1994 година.