Олга Костовска - Дамата од милион долари | Trendseteri
Menu

Олга Костовска – Дамата од милион долари

Олга Костовска – модерна и успесшна жена


Олга Костовска, најстарата ќерка на бизнисменот Трифун Костовски, ќе ве плени со својот вроден шарм и убавина. Таа е сопственик на „Еуролинк“ и успешна деловна жена.

Имиџот на Олга е гламурозен, префинет и со многу стил. Омилени и се високите потпетици и чантите од повеќе модни брендови. Гардеробата секогаш и е скоцкана до последниот моден детаљ. Префинетоста во имиџот и оди дотаму, што кога ќе ја видите, имате впечаток дека не е од овие простории. Во време кога кичот ја надвладеа нашава земја, кога девојките се китат како новогодишни елки, Олга остана доследна во имиџот на дама од милион долари.

Скромна, секси и заводлива, со умерена доза на романтика, вака сигурно модните светски дизајнери би ја опишале Олга која со сигурност би била нивна муза. Се појавија  многу новопечени дами во светот на нашиот шоубиз и бизниз елитата, но Костовска дефинитивно останува број, еден кога е во прашење стилот, а  и целокупниот имиџ на една дама од високите кругови.