Олга Јосевска – Бизнис жена на 2021 | Trendseteri
Menu

Олга Јосевска – Бизнис жена на 2021

Олга Јосевска ја освои престижната бизнис награда „40 under 40“ во Истанбул

Eдна од најуспешните бизнис жени во нашава земја Олга Јосевска – извршен директор на LPP Fashion за Македонија, Албанија и Косово, е добитничка на престижната бизнис награда „40 under 40“ на овогодишното издание во Истанбул на една од најзначајните манифестации која на едно место ги собира најдобрите претприемачи од сите области на бизнис и јавниот живот од Европа. На оваа манифестација присуствуваа 40 успешни менаџери од Европа кои претставуваат значаен фактор во областа на бизнисот и менаџментот со цел јакнење на претприемачката клима и конкурентност на пазарот, како и потенцијалот на ниво на цела Европа.

Олга, која има значајни улоги во развојот на многубројни компании во Македонија, како н.п. Комодита, Агротехна, Теранова и. д. и моментелно извршен директор на LPP Fashion Македонија, Албанија и Косово. 

LPP Fashion, позната како една од 3те најголеми компании во областа на производство и трговија на текстил во светот, наскоро ќе ги пласира познатит брендови RESERVED, CROPP, house, MOHITO и sinsay во Македонија. Првично во Скопје Сити Мол и новиот трговски центар Истгејт. 

Секој бренд е насочен кон различна целна група, нуди различен стил и претставува поинаков начин на изразување и ќе бидат големо освежување на модниот пазар во Македонија.