Неодоливиот тренд! | Trendseteri
Menu

Неодоливиот тренд!

Стилска комбинација што мами погледи

 

Спојот на макси здолниште со боди или обична маица и не е некоја новост. Можеме да кажеме дека овој тренд го носевме уште додека не беше популарен, но среќни сме што се врати во мода бидејќи и со наједноставните парчиња кои ги имаме во гардероберот, можеме да направиме стилска комбинација што мами погледи.

Макси здолништата се идеални за сите жени. Од овие наизглед едноставни макси здолништа, кои се носеа на почетокот на 20 век, можат да се направат стајлинзи за било која свечена прилика.  Еден од најдобрите примери е појавувањето на Џеј Ло на доделувањето на наградите Film Independent Spirit Awards, но и изгледите од модната недела во Милано.