Најдобрите кафе барови во Лас Вегас | | Trendseteri
Menu

Најдобрите кафе барови во Лас Вегас

Најдобрите кафе барови во Лас Вегас

 

 

Пиењето кафе е секогаш прв утрински ритуал на вистинските трендсетери. Многу велат дека кафето е еден вид на уметност па треба да водите грижа каде да го пиете вашето совршено кафе.

Во продолжение погледнете каде модерните господа од Лас Вегас го пијат своето прво кафе или ги избегнуваат работните обврски на кратко.

“Mothership Coffee Roasters” , кафе бар кој се наоѓа во центарот на градот и ги нуди најдобрите бели пецива и колачи во комбинација со најразлични видови кафе.

“Makers & Finders” – светло и убаво место за неверојатно кафе од најквалитетните видови. Интересен е фактот што тие користат исто така и млеко од бадем и соино млеко, па нивното мени нуди многу повеќе од било кој кафе бар во светот.

“Public Us” е кафе барот со најбогато мени со најразлични коктели од кафе. Тоа е така бидејќи е изработка на еден од најпознатите баристи во Северна Америка, Кол Мекбрајд.

“Sunrise Coffee” е првата пекара во градот која прераснува во кафе бар со светски амбиент и препознатливост по нивната понуда на кафе.