2019 година ни носи интересна палета на бои, кои би требало секоја девојка со стил да ги носи
Време е својот плакар да го збогатите со „парталчиња“ во овие бои.
1. Сенф жолта
Оваа загасита, жолта нијанса носи малку боја во ладните зимски денови, а секоја ваша комбинација ќе ја направи по шик.

2. Маслинесто зелена
Популарноста на оваа боја не стивнува, особено зимно време. Таа е безмалку како црната и морате да ја поседувате во вашиот плакар.

3. Камел боја
Кафена боја во камел нијанса е идеална кога се во прашање вашите јакни и капути, но одлично изгледа и на мини здолниште. Ова боја ве прави модерни и во тренд со било кој аутфит, дури и со наједноставниот.

4. Нечисто розева
Оваа загасита нијанса розева боја е тука за дамите кои никогаш не се откажуваат од романтичниот изглед.

5. Кралско сина
Оваа боја е синоним за луксуз и елеганција, носете ја во посебни прилики и нема да поминете незабележани.

Photos: Instagram