Заљубете се во сомот на прв поглед | Trendseteri
Menu

Заљубете се во сомот на прв поглед

Погледнете како да го комбинирате овој материјал за да изгледа и софистицирано и модерно


Знаеме дека гардеробата од сомот понекогаш ви делува просто и неугледно, па веруваме дека никогаш не би ви паднало на памет дека овој материјал може да изгледа и софистицирано и модерно ако се комбинира на вистинскиот начин. Пред да ја исфрлите гардеробата од сомот еднаш за секогаш, испробајте ги овие елегантни сомотни комбинации кои ги подготвивме за вас. Сигурни сме дека веднаш ќе се премислите за овој материјал.



Сомотно сако

Сакото е едното од главните парчиња кои морате да ги носите во канцеларијата. Тоа е ултра модерно во последните неколку сезони помеѓу сите генерации. Меѓутоа, секојдневното носење на сако досадува. Тогаш зошто обичното сако не би го замениле со сако од плиш? Не само што е топло, па можете да го носите наместо јакна, туку е и многу шик. Доброто сомотно сако ќе ја направи и наједноставната комбинација навистина занимлива. Одберете го за дневна варијанта во зелена боја, фустан и едноставни чизми до колена, а за вечерни излегувања комбинирајте го со сина боја и црни обувки.



Кокетен сомотен фустан

Сомотниот фустан нè потсетува на дамнешните 70-ти. Еден од аутфитите кои морате да ги пробате е секако со фустан од сомот. Овој модел на фустан ќе ги истакне најдобрите делови од вашето тело. Многу е лесен за комбинирање, а оние во сафирна боја се вистински хит за оваа сезона. Другите бои кои се исто така пожелни се оние поведрите, како на пример бојата на смарагд, вино, рубин или корал. Во комбинација со кратка кожна јакна, овој фустан можете да го облечете во сите прилики.



Облечете ги смело широките сомотни панталони

Дали сте забележале дека сите модни блогерки и славни личности носат пантолони со широки ногавици и висок струк? Овие модели се удобни за носење и лесни за комбинирање. Особено се погодни за ниските жени, бидејќи го издолжуваат телото. Пантолоните од сомот многу лесно се комбинираат. Кафената боја е вистински избор за дневна варијанта во комбинација со црна блуза. Оваа комбинација е спој на неспојливото и можеби делува несекојдневно, но секако е избор на една смела жена која е спремна на сè.



Чизмите од сомот се создадени за меѓусезона

Кога ќе кажеме чизми, најпрво помислуваме на зима, потоа на есен и дури на крај на пролет. Чизмите од сомот се идеални за периодот помеѓу пролет и лето и свежите есенски денови. Ова софистицирано парче обувки ќе го стави акцентот на секоја комбинација. Без оглед на тоа дали носите обичен бел фустан или здолниште со џемпер, овие чизми ќе направат да изгледате модерно, софистицирано и шик. Не ги препорачуваме да ги носите доколку паѓа дожд за да не ги оштетите.