Тренди и на минусни температури | Trendseteri
Menu

Тренди и на минусни температури

Модни комбинации за студени денови и минусни температури

Ниските температури проследени со ветар и неретко снег, се првата потешкотија со која се среќаваме овие зимски утра.

Иако понекогаш ни се чини дека ни 100 слоеви облека нема да ни помогнат, сепак доволни се малку вештини за вашите зимски модни комбинации да изгледаат разиграно, а сепак топло.

Софистицираните меки материјали, волнените шалови и капи, како и вештачкото крзно, овој период се ваши најдобри пријатели.

Комбинирајте со дебели хулахопки, високи чорапи, многу слоеви и имате добитна комбинација.

Да не го заборавиме капутот, кој мора да биде дебел и топол.

Издвојуваме неколку комбинации кои се создадени за студени денови и минусни температури: