Микро тренд за кул стајлинг | Trendseteri
Menu

Микро тренд за кул стајлинг

Разликата е во деталите


Понекогаш е потребен само еден мал детал да ја направи интересна и кул вашата дневна комбинација. Еден од тие малечки, но моќни детали е предниот засек на панталони кај глуждовите, детал кој за прв пат го видовме кај Викторија Бекам. Се работи за микро тренд кој светските трендсетерки го обожаваат и го носат во најразлични комбинации.

Прилагоднив за различни модни стилови, зрачи со доза гламур и елеганција но и за кежуал и тренди изглед. Овие панталони можете да ги комбинирате со мокасинки, класични салонки или пак рамни сандали.

Со нетрпение чекаме да затопли нели?