Миа Мустафа блесна на сцената
Во 30-тата емисија на големото талент шоу “Пинкове Ѕвездице” Миа одлучи да ја изведе песната “Доживотно” на Елена Ристеска и со тоа уште еднаш го докажа својот неверојатен талент за пеење.
14 годишната Скопјанка ги освои сите 5 гласови од жирито, а потоа проследија и нивните позитивни коментари.
“Не знам дали да почнам да коментирам или да плачам поради 5ката во баражот… Ти си светски талент и ова шоу со тебе добива ѕвездичка повеќе” – рече Леонтина Вукомановиќ.
“Би било навистина одлично твоите родители да ти помогнат да направиш светска кариера, доколку ние тоа не го направиме. Некој мора да те слушне, некој светски продуцент“… се надоврза Гоца Тржан.
Дали новата македонска ѕвезда е на повидок?
Проценете сами:
Mia Mustafa – Dozivotno#IAMMIAMUSTAFAElena Risteska
Gepostet von Mia Mustafa am Samstag, 12. Mai 2018