Меланија Трамп со емотивен говор за денот на мајката | Trendseteri
Menu

Меланија Трамп со емотивен говор за денот на мајката

Меланија Трамп со емотивен говор за денот на мајката

 

По повод обележувањето на денот на мајката, првата дама на Америка отворено зборуваше за тоа што значи мајчинството за неа, за што доби громогласен аплаус и пофалби од нејзиниот сопруг.

“Денот на мајката, што го обележуваме оваа недела, се слави само еднаш годишно. Не знам за вас, но јас мислам дека мајките треба да се слават секој ден. Потребно е неверојатно многу сила, време, неверојатна количина на трпение и сета ваша љубов. Како мајки, ние сме привилегирани со тоа што можеме да ги донесеме децата на овој свет и да им помогнеме во нивниот раст и развој” – изјави Меланија.

Во продолжение на својот говор, првата дама ја истакнува и силната врска помеѓу мајката и детето:

“Поради силната врска помеѓу мајката и детето, ги чувствуваме емоциите кои и тие ги чувствуваат. Без разлика дали се среќни или нервозни, тажни или возбудени, ние сето тоа го чувствуваме со нив” – заклучи Меланија.

Потоа првата дама ја препушти говорницата на својот сопруг, претседателот Доналд Трамп кој ја прегрна и ја бакна во образите.