Massimo Dutti за деловни жени со стил | Trendseteri
Menu

Massimo Dutti за деловни жени со стил

Новата колекција на популарниот бренд

 

Популарниот моден бренд Massimo Dutti, познат по класичната естетика го претстави едиторијалот за својата нова женска колекција под називот Beyond Purpose.Новата колекција ги содржи сите дневни парчиња облека и модни додатоци кои секоја жена би ги посакала во својот гардеробер за дневни комбинации за секоја прилика.

Колекцијата се состои од прекрасни женски одела и кошули кои ќе ги решат бројните утрински дилеми околу деловниот изглед, елегантни капути кои ќе го направат поубав секој зимски стајлинг, џемпери од мек кашмир кои ќе не греат во текот на целата зима, јакни, романтични блузи. Во Massimo Dutti колекцијата ќе ја пронајдете и зимската класика – високи кожни чизми, но и класични црни мокасинки и едноставни сандали, како и големи кожни чанти во кои можете да ставите се што ви треба (и се што не ви треба).