Marc Jacobs инспириран од филмот “Girl, Interrupted” | Trendseteri
Menu

Marc Jacobs инспириран од филмот “Girl, Interrupted”

Колекција со интересни парчиња

 

Marc Jacobs овие денови излезе со необична capsule колекција. Се работи за колекција инспирирана од култниот филм од 1999 година “Girl, Interrupted”, каде главните улоги ги играа Winona Ryder и Angelina Jolie.

Филмот кој и обезбеди престижна Оскар награда на Анџелина, 20 години подоцна повторно ужива значајна популарност, но сега Marc Jacops одлучи да го преточи во колекција што сигурно ќе предизвика големо воодушевување.

Во улога на модел е прекрасната Adut Akech, фотографиите ги сними Tina Tyrell, а зад стајлинзите стои потписот на Andrew Sauceda. Колекцијата се состои од удобни oversized дуксери, тренерки, бели маички со принт, совршени за кежуал стајлинзи.