Македонската Шотокан карате репрезентација се закити со 5 златни медали на светското првенство во Турција
Шотокан Карате-до Академијата на Македонија составена од Клубовите: “Ш. К. К. Јошитака” Скопје, “Ш. К. К. Мак Центар” Скопје, “Ш. К. К. ПОЛОГ” Гостивар, “К. К. Ронин Доџо” Куманово, која беше предводена од Шихан Живко Тасевски учествуваше на деветото по ред Светско Шотокан Карате Првенство кое се одржа од 19-22 април во Истанбул, Турција
Македонската Шотокан Карате репрезентација учествуваше со 38 натпреварувачи а вкупно учествуваа 85 екипи од 35 држави и околу 1500 натпреварувачи и се закитија со 5 златни медали, 5 сребрени и 6 бронзени.
Златните медали ги освоија следните натпреварувачи:
Мила Смилеска 12/13- (к.к Мак центар Скопје)
Матео Причков кадети (к.кЈошитака Скопје)
Ката тим 12/13 год(Елена,Миа,Леа к.к.Јошитака Скопје)
Ката тим сениорки (Николина,Ања,Јована К.К.Ронин Куманово)
Ката тим 10/11 год (Марин, Борјан, Зоран К.К Јошитака Скопје и Мак Центар)
Сребрените медали:
Зоран Смилески 10/11 (Мак центар Скопје )
Ката тим 10-11год (Драгана ,Мелани,Матеа К.КПолг Гостивар)
Ката тим 8/9год (Ахил, Лауно Филип К.К. Ронин Куманово)
Ката тим јуниори (Матео,Драган , Андреј К.К Јошитака, Мак Центар и К. К. Полог)
Ката тим кадетки (Мила,Тамара, Јана,Mila К. К. Јошитака)
Бронзените медали:
-Ката тим 10-11год (Павел ,Фолип. Ј,Филип. Ј Ронин Куманово )
Марин Пенѓеркоски10/11 Ш. К. К. Јошитака
Миа Димитрова 10/11 Ш. К. К Јошитака
Теодор Чириќ 7/8 К. К. Ронин Куманово
Филип Јакомоски 10/11 К. К .Ронин Куманово
“Генерално бевме на шестото место со освоени 5- златни, 5-сребрени и 6 бронзени медали. Јас како шеф-инструктор и селектор задоволен сум од покажаното и постигнатото. Во иднина се надеваме на уште повеќе успеси” – изјави селекторот Шихан Живко Тасевски.
“Иако на голем дел од натпреварувачите ова им беше прво учество на светско првенство јас сум презадоволен од постигнатото не застануваме тука, од следниот месец почнуваме со подготовки за европското првенство” – вели асистентот на селекторот и инструктор Сенсеи Гоце Андриевски.
Честитки за големите успеси на клубовите кои ја претставуваа македонската карате репрезентација, тренерите и освојувачите на медали.