Маица-Фустан | Trendseteri
Menu

Маица-Фустан

Погледнете ако трендсетерките го носат фаворитот на летото – Маица-Фустан


На социјалните мрежи, градските улици и туристичките дестинации, оваа сезона доминира најпрактичното парче од женската гардероба.

Тешко е да пронајдете поудобна облека од маичките. Тие се одликуваат со слободен крој, а со малку имагинација и креативност, од нив можете да создадете единствен и прекрасен стајлинг.

Во последно време вниманието е свртено кон актуелните маица–фустани. Споменатиот модел е доволно долг да се облече како фустан, а истовремено е дизајниран да изгледа како маица.

Станува збор за мошне практични и разноврсни парчиња, изработени од квалитетни природни и синтетички материјали, како памук и вискоза, па траат со години.

Маица–фустаните се вистински фаворит на летото. Декорирани со интересни апликации, натписи, реси или везови, тие им станаа омилен избор на трендсетерките, модните блогерки и славните дами. Особено во топлите сончеви денови.

moda, мода