Луксузно миди-здолниште | Trendseteri
Menu

Луксузно миди-здолниште

Оваа сезона задолжително мора да имате барем едно луксузно миди-здолниште


Се чини дека популарната и речиси секому омилена должина од ¾ не планира да се пензионира наскоро, барем не од местото каде што се случува најголемата мода – улиците.

Во превод, здолништата кои ви ги покриваат колената, а не достигнуваат до земјата припаѓаат на групата „миди-здолништата“ и дефинитивно се омиленото парче и оваа сезона.

Во фокусот се малку попрефинети и полуксузни миди-здолништа, од понежни материјали, како свила или свилен сатен, до тул украсен со светки или бисери.

Секако, тука се и волуменозните еднобојни или цветни изданија со покрута форма кои не смееме да ги заборавиме.

Што и да одберете, се комбинираат одлично со обични маички, секси корсети или поформални сакоа и секако, одговараат и со балетанки и со потпетици и вистинскиот избор на патики.

Нема некоја негативна причина зошто не би имале барем едно луксузно миди-здолниште сезонава, нели?

Погледнете ги и уверете се: