Кој лаже повеќе: Мажите или жените? | Trendseteri
Menu

Кој лаже повеќе: Мажите или жените?

Кој лаже повеќе: Мажите или жените?

 

Пред да образложиме кој тоа повеќе лаже, мажите или жените, најпрвин треба да констатираме дека сите лажат. Ама баш сите.

Некои од луѓето се доволно религиозни и токму заради тоа се внимателни кога лажат, или како што би рекле “лажат со усул”, односно да го прават тоа кога навистина е неопходно и да жалат поради тоа лажење. Додека некои луѓе лажат од навика. Секојдневно, за сè. 

Дури и децата понекогаш лажат за да не “јадат” ќотек дома. Како што кажал и познатиот американски автор Тед Вилијамс: “Ние кажуваме лаги кога од нешто се плашиме, од страв дека нешто не знаеме од страв што ќе кажат другите, страв од тоа што ќе дознаат луѓето за нас. Но секогаш кога лажеме, нашиот страв станува се посилен.

Сега кога веќе образложивме зошто луѓето лажат, време е да видиме кој лаже повеќе, мажите или жените?

Според истражувањето што го има направено Британската “Virgin Tv” за тоа кој лаже повеќе, дали мажите или жените, дури неверојатни 75% од анкетираните признале дека ги лажат своите партнери.

Истражувањето покажало дека мажите лажат двојно повеќе од жените и 1 од 10 мажи верувале дека се и експерти во тоа.

Откриено е дека мажите лажат еднаш на секои 4 дена додека жените еднаш на 8 дена. Исто така е откриено дека мажите највеќе лажат поради неверство. Тие им кажувале на нивните партнери дека не ги изневериле додека навистина го направиле тоа. Обично мажите лажеле за тоа и каде се наоѓаат во моментот. Само 3 од 2000 мажи кажале дека ги лажеле нивните партнери за некои други причини кои не се поврзани со неверство.

Се констатира дека една од најкористените лаги на мажите е дека не биле неверни, дека не примиле и пратиле пораки или пропуштен повик, дека не пиеле алхохол и не конзумирале забранети супстанции.

 

Од друга страна жените, обично лажеле за нивниот живот на социјалните мрежи и колку пари потрошиле за шопинг. Жените повеќе се грижат за нивниот социјален статус и како се прифатени во јавноста и најмногу поради тие причини лажат за тоа, без никаков проблем.

 

Иако повеќето луѓе лажат, лажењето не е добро бидејќи обично сè се враќа назад како бумеранг. 

 

Ние ќе наброиме 3 последици од лажењето:

 

  • Ја губите довербата кај луѓето

 

Според многуте научни студии поврзани со оваа констатација, докажано е дека број 1 фактор за среќата во животот  на една личност е врската со други луѓе. Или како што би рекол Ворен Бафет: “Your network is your networth” (Вашата врска е вашата нето-вредност).

Не можете да бидете успешни ако сте лажговци, бидејќи не постои добар лажго на долг рок, без разлика колку сте паметни. Кога еднаш луѓето ќе ја изгубат довербата во вас, веќе нема никогаш да ви веруваат. 

Размислете околу ова прашање, што претставува врската?

Врската е доверба. Без разлика дали е брак, пријателство или бизнис партнерство. Можете да лажете со устата, но никогаш со телото. 

 

  • Работите двојно повеќе од вообичаено

 

Двојно е потешко да излажете отколку да ја кажете вистината. За да биде уште полошо, ако сте познат по лажењето од поодамна, вие почнувате да лажете за сè, дури и за работи кои се мали и неважни. Сето ова го прави вашиот живот многу потежок покривајќи ги тие мали лаги со сè поголеми и поголеми лаги. Не звучи воошто убаво да се живее на овој начин, нели?

  • Со лажење ќе имате грижа на совест

 

Лагите кои ги користите можеби не се казливи со затвор, но казната дека ќе имате грижа на совест е неминовна. Како факт е тоа што многу светски бизнисмени кои не се воопшто религиозни, го напуштиле својот профитабилен бизнис токму поради тоа што имале  грижа на совест, грижа која била неиздржлива. Борба во себе која тешко се победува. 

Немојте да бидете искрени поради верувањето во Бога, бидете искрени поради самите себе, поради мирот кој ќе го имате во душата. Тоа е клучот на среќен живот. Мир, слобода, здравје и љубов.