"Ѕвона" - на Каролина Гочева | Trendseteri
Menu

“Ѕвона” – на Каролина Гочева

„Ѕвона“ – новогодишниот подарок на Каролина Гочева до целата публика!

 

 

“За сите што ни се во срцата, а не се со нас… И сите песни да стивнат, сите рози да се скинат, љубовта не исчезнува! Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за вас со огромна љубов го подготвуваме”… Вака нашата поп-ѕвезда Каролина Гочева пред новата 2018 година ги почести своите обожаватели со песната насловена Ѕвона.

Како и за претходните два албуми “Македонско девојче 1” и “Македонско девојче 2”, Каролина повторно соработуваше со композиторот Никола Мицевски, а пак текстот за “Ѕвона” е дело на Весна Малинова.

За музичкиот новогодишен подарок да биде целосен, за песната е изработен и видео запис во кој Каролина е во главниот фокус, облечена во црно фустанче кое ја истакна нејзината убавина и долгите нозе.

Во продолжение ви предлагаме да го погледнете новиот видео запис и да уживате во новиот хит!