Kangoo клуб “Be Fit” Скопје – Скокнете до посакуваната форма | Trendseteri
Menu

Kangoo клуб “Be Fit” Скопје – Скокнете до посакуваната форма

Новата спортска страст – Kangoo Jumps

 

 

 

Пробајте и уверете се, осетете ја моќта на Kangoo Jumps отскокнувачките обувки! Во новиот Kangoo Jumps клуб “Be Fit” во Мичурин, Аеродром. Тренинзите ги води лиценцираниот инструктор Ивана Коцевска. 

Но, што е всушност Kangoo Jumps?

Kangoo Jumps нов стил во аеробикот, кој се практикува со посебни патики. Многу забавен, оригинален и здрав начин за одржување на формата.

Овие патики за Kangoo Jumps прв пат се создадени од канадскиот лекар Грегори Летхамп за цели во рехабилитацијата во 80-тите години. Kangoo Jumps патиките понатаму ги развива швајцарскиот инженер Денис Невил, и ги претвора во дизајнерски, удобни обувки. Денес овие патики се веќе омилен начин за забава и аеробик на многу познати личности и фитнес обожаватели.

Кои се предностите на аеробикот со Kangoo Jumps ?

Kangoo Jumps патиките го намалуваат стресот на зглобовите до 80%.

• Го оптоваруваат целото тело и ги мобилизираат сите мускулни групи.

• Истовремено ги штитат и ги зајакнуваат мускулите на нозете, грбот и кичмата.

• Идеален метод за слабеење – за 30 минути скокови се согоруваат околу 1400 калории. Го забрзува метаболизмот.

• Нема старосни ограничувања за практикување, но добро е да се консултирате со специјалист, ако имате било какви здравствени проблеми.

• Со Kangoo Jumps може да се забавувате на отворен и затворен простор.

Kangoo Jumps  може да се практикува, како индивидуално, така и во групи. Може дури и да се танцува со нив.

“Нема воспаление, нема болкаааа. Ви гарантираме добра забава и пред се супер резултати!” – изјави Ивана за Трендсетери.

Резервирајте си термин на време бидејќи бројот на обувки е ограничен!
Повеќе информации на тел: 072/229-368