Како модниот свет реагираше на корона вирусот? | Trendseteri
Menu

Како модниот свет реагираше на корона вирусот?

Некои ги откажуваат ревиите, други вклучуваат и маски во колекциите

 

Недели на модата, случувања со познати личности, гламурозни креации и прекрасни манекенки, затворен свет на елитата во кој најстрашната работа што може да се случи е да биде ископиран нечиј аутфит.

Но оваа сезона, и во тој совршен свет се вплетка реалноста наречена корона вирус. Во последните денови на модната недела во Милано, поради опасност од ширење на корона вирусот беше откажана ревијата на Џорџо Армани. 

Посебно се контролираат новинарите и манекенките кои после модната недела во Милано доаѓаат на ревиите во Париз. На првиот ден од ревиите во Париз, познатата дизајнерка Марин Сер во нејзината колекција како моден додаток претстави и заштитна маска, додека сите присутни се веќе опремени со маски се со цел да се превенира поради оваа нова епидемија.