Јелена Спенџарска вистинска дама во моќната кампања “Од жена за жени” на Ивана Кнез
По повод месецот на жената и осумгодишното постоење на “Студио Драма”, модниот дизајнер Ивана Кнез ја промовираше новата кампања насловена под мотото “Од жена за жени”.
Целта на оваа кампања е да се зајакне индивидуализмот на секоја жена во Македонија.
Оваа кампања е дело на познатата модна дизајнерка, костимограф и сопственик на “Студио Драма”, Ивана Кнез, во која можеме да ги видиме прекрасните, модерни и урбани дами, познатите ТВ водителки Јелена Спенџарска, Миа Костова и Елена Стефановска.
“Од жена за жени” – “Со оваа кампања застануваме позади секоја жена во светов, позади секоја девојка која верува во себе, позади секое девојче кое сонува”– велат од Студио Драма.
“Сакајте и почитувајте ја вашата дама, било да е мајка, сопруга или сестра. Посветувајте и внимание секојдневно, и направете да се чувствува посебно” – изјави Спенџарска.
Кампањата е снимена во “Хотел Арка”, фотографиите се дело на “Fairytale Photography”, видео продукција на “Аргона Продукција”, шминка “VD Make Up” и фризура “Студио Сејменовски”.