Џејмс Бонд во женска верзија | Trendseteri
Menu

Џејмс Бонд во женска верзија

Адријана Лима, Џиџи Хадид, Ирина Шејк и Џоан Смалс

Иако модата во светот се менуваше и еволуираше низ годините, во Џејмс Бонд филмовите остана препознатливиот стил на агентот 007: смокинг, Веспа Мартини, спортски автомобил. 58 години и 26 филмови подоцна, италијанскиот моден бренд MAX MARA со голема инспирација го надградува тој стил – а кога е најдобро време за сето тоа, ако не сега!

Џејмс Бонд во женска верзија е новата кампања на Макс Мара за колекцијата пролет/лето 2020, дело на генијалниот дизајнер и креативен директор Иан Грифитс. Во неговата верзија Џејмс Бонд агентот е жена, хероина која ги прави истите работи како Џејмс Бонд, без користење на оружје.

Во улога на тајни агентки се најдоа супермоделите Адријана Лима, Ирина Шејк, Џиџи Хадид и Џоан Смалс. Зад фотографиите стои потписот на познатиот моден фотограф Стивен Мејсел, а за стајлингот беше задолженa Карин Ројтфилд. 

Можеби ова ќе биде еден поттик за тоа следниот филм на Џејмс Бонд да биде со главна женска улога.

Фасцинантна кампања!