Тренди јакни кои мора ди ги имате во вашиот плакар
Оваа сезона во центарот на вниманието ќе бидат три модели на јакни, кои почнуваат од најстариот класичен: тексас јакна, класично сако и кожена јакна!
Благодарение на нив во секое време можете да изгледате стилски и шик, и тие се вистинското решение за сите модни проблеми. И затоа, тие се неопходен дел од плакарот на секоја модерна дама!
Тексас јакна
Тексас јакната е неизоставен дел од гардеробата токму за овој период од годината, па така, задолжително е да ја имате во вашиот плакар. Најактуелни во моментов се оние во класичен стил, кои можете да ги искомбинирате со макси фустани, панталони и сукњи, или со омилениот пар кратки чизмички.
Кожена јакна
Кога се менува годишното време, без сомнение, кожената јакна станува омилено парче облека на многу дами. Овие јакни ја разубавуваат секоја модна комбинација и се совршени за променливо време. Оваа година се розовата и беж актуелните бои.
Класично сако
Парче облека што често го гледаме на бројни ѕвезди. Можете да го комбинирате на безброј начини – со фармерки, црни панталони, широки панталони и фустан или мини здолниште.
Црно, сиво и бело се идеални за вечерни комбинации и бизнис состаноци, додека пастелните бои се одлични за кафулиња, свирки и коктел варијанти на отворено.