Јакна која ве поврзува со природата | Trendseteri
Menu

Јакна која ве поврзува со природата

Направена е така да го блокира сигналот на телефонот

 

Модниот бренд The Arrivals од Њујорк креираше генијално парче кое дефинитивно ќе биде едно од најпосакуваните оваа зима.

Имено, се работи за јакни со пердуви кои имаат џепови со Faraday технологија кои го блокираат GPS сигналот на мобилните телефони, се со цел луѓето да се оттргнат од технологијата и да се поврзат со природата околу нив.

Јакната, наречена Aer, направена е од мешавина на материјали и е идеална за излети во природа кога едноставно сакате да се исклучите од светот и максимално да уживате на свеж воздух.

Дизајнерите го опишуваат овој моден изум како исклучување од реалноста и поврзување со природата, а како инспирација за нивната креација претставува фактот што сите ние живееме во време кога повеќе сме поврзани со мобилните телефони и технологијата отколку едни со други како луѓе.

Оваа јакна е достапна во повеќе бои и модели и можете да ја пронајдете на официјалните веб страни на The Arrivals.