Изгледајте витки со овие трикови | Trendseteri
Menu

Изгледајте витки со овие трикови

Трикови кои ќе ви помогнат да ги прекриете вишокот килограми


Доколку ова лето навистина се опуштивте со исхраната и качивте некое кило, запаметете, облеката секогаш ви е најдобар сојузник. Ние ќе ви претставиме неколку модни трикови кои ќе ви помогнат да ги прекриете вишокот килограми и да изгледате витки. 

 

Комбинирајте облека во “V” израз

Носењето фустани и блузи во “V” израз даваат илузија на издолжено тело, а со самото тоа и повитко. На тој начин ќе го свртите вниманието на лицето и горниот дел од телото. Што повеќе го откриете делот помеѓу брадата и градите (секако, во разумни граници), тоа повеќе ќе оставите впечаток на витка личност.

Потпетици со шпицаст врв

Високите потпетици ја прават секоја жена да изгледа неколку килограми послаба, а уште подобар избор е на оние кои имаат и шпицаст врв. Благодарение на ова, ќе изгледате издолжено и поелегантно.

Инвестирајте во добар градник

Можеби звучи чудно, но добар крој на градникот навистина може да го промени вашиот изглед. Многу жени не се ни свесни дека носат погрешна величина. Кога ќе го пронајдете оној кој потполно вам ви одговара, ќе забележите дека изгледате значително повитки. Ќе ги урамнотежи пропорциите на телото, додека градникот со премногу опуштен заден дел не ја пружа потребната потпора на градите и може да ги нагласи „перничињата“ на грбот.

Стратешки одберете накит


Долгите ланчиња го издолжуваат краткиот врат и го одвлекуваат вниманието од куковите, предниот и средниот дел од телото.

Лажен тен


Насекаде се достапни спрејови кои ќе ја затемнат вашата кожа. Доколку се одлучите за фустани кои во преден план ги истакнуваат нозете, овој трик и тоа како ќе ви биде од корист

Изборот на материјал и исклучително важен


Памукот, свилата и волната најдобро ќе ги сокријат вишокот на килограми.

Бирајте една боја

Монохроматскиот стил визуелно ќе ја намали вашата фигура.

Вклопете ја бојата на чевлите со аутфитот

Доколку носите фустан, најдобро е да комбинирате чевли во беж боја (бледо-кафеава). Но ако се одлучите за црни фармерки и чевлите нека бидат во црна боја. Повторно ќе го добиете издолжениот облик на вашето тело.

Избегнувајте ги набраните пантолони

Наборите прават да изгледате пошироко, додека правите пантолони ќе го сокријат стомачето и ќе ги издолжат нозете, па така ќе  изгледате поскладно.

Тргнете ја косата од лицето

Врзаната коса во високо репче или залижаната фризура значително ќе допринесе вашето лице да изгледа витко.