Изгледајте како топ модел | Trendseteri
Menu

Изгледајте како топ модел

Парче кое ги “брише” килограмите

 

Сијена Милер направи вистински моден погодок со овој модел на фустан. Освен што карираниот принт е апсолутен хит сезонава, таа направи одличен избор и со самиот крој.

Вака скроен, овој модел на фустан ќе ја трансформира секоја жена во топ модел со заносни облини. Во него моќниот изглед и визуелно витката фигура ви се загарантирани.

Каишот околу половината ќе го направи делот визуелно помал и останатиот дел ќе провлекува повеќе внимание. Миди должината исто така ви оди во прилог, бидејќи ќе ви ги издолжи нозете. Одлично можете да го комбинирате со високи потпетици но и со рамни чизми.