Што кријат стероидите?
Според најновите истражувања, младите се почесто користат стероиди трудејќи се што е можно побрзо да дојдат до совршено развиено тело. Но, кои опасности, всушност се кријат зад стероидите?
Стероидите се хормони кои постојат во повеќе различни видови, но кога се зборува за стероиди кои се земаат при вежбање, со цел телото да се развива побрзо, најчесто тоа се анаболички стероиди.
Нашиот познат фитнес модел и тренер кој моментално живее и работи во Америка, во интервју кажува дека дури 90% од младите во Мајами користат стероиди за зголемување на мускулната маса.
“Сите знаеме дека користењето на стероиди има големи последици на нашето тело, можеби не веднаш, но после неколку години подоцна тие ќе ја почувствуваат разликата” – вели Серџо.
Најголеми негативни последици од користење на стероидите се: развивање машки гради, прерана ќелавост, драстични промени во расположението, агресивност, параноја, Акцхајмерова болест, импотенција и секако големи последици на јетрата. Човековото тело произведува доволна количина на хормони и било каква зголемена доза, може да предизвика пореметување на организмот.
“Сум разговарал со многу луѓе кои ги користат стероидите и велат дека се чувствуваат одлично. На крајот на краиштата, сепак тоа е дрога и вие станувате зависни” – додава Серџо.
Со користење на стероидите за краток рок ги добивате посакуваните резултати, но на долг рок ќе ја платите цената. Не е важно што, секогаш на крај мора да ја платите цената.
Погледнете го целото интервју…