Фустан за пролет кој им одговара на сите!
Одличен крој кој е во тренд, а што е најважно… одговара на секоја градба на тело.
Кога би можеле да избереме универзални омилени модни трендови, тоа сигурно би биле оние што на сите доброби им стоеле.
Токму такво е и ова модно парче на Инстаграм, кое ни го претставија трендсетерките во различни дезени.
Станува збор за лесен фустан со А-крој, набран материјал на градите, пуфнасти ракави и лелеав долен дел.
Овој модел на облека величествено ќе ја истакне вашата половина и гради, но и ќе го сокрие сето она што можеби не сакате да го покажете.
Ваквиот фустан е идеален избор за топлото време што следи, а одлично е тоа што одговара со различни обувки.
Потрагата за овој модел на фустан нема да ве измори, бидејќи веќе можете да го најдете во речиси секој „high street“ бутик.