И оваа пролет апсолутен тренд | Trendseteri
Menu

И оваа пролет апсолутен тренд

Овие парчиња облека ви се потребни за секоја пролет


Ако некое парче недостасува, надополнете ја колекцијата и бидете подготвени да ја поминете пролетта како модерна жена.

Со новите трендови, секоја модна сезона означува и враќање на модните класици. Овие 10 парчиња ви се потребни за секоја пролет. Ако ги имате, имате сè што ви треба за оваа пролет.

 


Мантил

Ако ги цените безвременските парчиња, изберете модел во крем боја. Похрабрите дами може да експериментираат со кожени палта или со повпечатливи бои.


Плисирано здолниште

Во последниве години, плисираните здолништа беа апсолутен хит и во пролетните и во летните сезони, така што нема да згрешите со изборот на овој удобен и практичен модел.


Кожена јакна

Исто како мантилот, старата кожена јакна може да се комбинира со сите ваши парчиња облека, од фармерки до фустани. Истото важи и за обувките.


Кардиган

Истото важи и за кардиганите кои можете да ги носите во секое време од денот.


Бела маица

Класичната бела маица е секогаш во мода и е исто така незаменлива во пролетната гардероба.


Кошула

Неопходно парче за секојдневните деловни пригоди, но и за вечерните излегувања. Изберете ги бојата и моделот по ваш вкус и сигурно нема да погрешите со класичниот бел или светлосин модел.


Тесни фармерки

Овој омилен модел е актуелен во текот на целата година, без оглед на сезоната и на трендовите.


Патики

Многу жени не можат да ја замислат пролетта без патики.


Салонки

За свечените пригоди или за оние во кои сакате да изгледате средено, класичните салонки се секогаш добар избор.


Балетанки

Кога сакате да се одморите од високите потпетици, но не сакате да носите спортски обувки, посегнете по популарните модели на рамни чевли – мокасини или балетанки.