За вистинските трендсетерки - хит стајлингот во есен | Trendseteri
Menu

За вистинските трендсетерки – хит стајлингот во есен

Најпопуларното парче облека за оваа сезона

Класика која никогаш не излегува од мода… Ако треба да составиме листа на класична облека која никогаш не излегува од мода тоа дефинитивно би биле: бела кошула, црн краток фустан, кожна јакна, убаво скроено црно сако и секако мантилот.

Со секое доаѓање на есента, на уличната мода блеснува парчето гардероба без кое не може да се замисли ова годишно време.  Тоа е мантилот. Со текот на времето стилот на мантилот малку е изменет со некои нови нијанси, меѓутоа во принцип, како крој остана ист. Сепак, најпопуларните модели и понатака е оние класичните и без нијанси.

Трендсетерките и оваа сезона го комбинираат на најразлични начини, а малку поголемиот број на мантил го прави стајлингот посебен, да се чувствувате совршено удобно и без оптеретување. Погледнете ги овие streetstyle фотографии кои ќе ве инспирираат да уживате во есента.