Хит моден тренд за оваа година | Trendseteri
Menu

Хит моден тренд за оваа година

Кажете му „ДА“ на длабокото деколте

 

Февруари и доделувањето на наградите „Golden Globe“ донесоа нов тренд кој предизвика различни коментари во светот на модата. Во прашање е длабокото деколте околу кое се „спротивставија“ и најголемите модни експерти – дали длабокото деколте е секси или не? Зарем длабокото деколте не е премногу вулгарно? Не е за секој ден… Не стои добро секому… Можеби, но зарем тоа не е и смело, заводничко, секси и женствено, секако, доколку го стилизирате на вистинскиот начин?

Секоја од двете страни има право. Никој не греши и секој има свои причини. Ако го носите длабокото деколте како во стилот на 2000 година, тогаш тоа навистина ќе изгледа вулгарно и непристојно, но ако го комбинирате според новите модерни Инстаграм стандарди, тогаш ќе изгледате токму онака како што треба – тренди и женствено, а никако вулгарно.

Длабокото деколте ќе ви стои добро доколку имате мали гради, додека оние девојки кои имаат поголеми може да предизвикаат вулгарен ефект. Во тој случај мора да бидете внимателни кога ќе ги избирате парчињата облека со „V“ израз. Освен тоа, деколтето сјајно изгледа на фустаните, на кошулите, на лесните маици и комбинезони. Тоа е одлично за во лежерни или формални варијанти, за сите прилики, но сепак немојте да го носите на работа.

Значи, длабокото деколте е повеќенаменско. Исто така, би било одлично доколку го украсите со впечатлив накит, поточно, со повеќе тенки ланчиња. Да, исто како што сте виделе на Инстаграм.

Како изгледа совршеното длабоко деколте? Или до папокот или до точката каде што „започнува“ градникот. Многу е важно вашите гради да не изгледаат сплескано, како да се борат за место во тесната блуза. Tреба да изгледате природно во ваквата комбинација, значи, оставете ги вашите гради на мир. Можете да носите градник, но и не мора, а доколку се одлучите за него слободно изберете некој модел од чипка.