Хеланките на голема врата се враќаат во мода | Trendseteri
Menu

Хеланките на голема врата се враќаат во мода

Никогаш немојте да изгледате ефтино во нив

 

Хеланките претставуваат исклучително практично парче облека кое лесно се вклопува во дневните комбинации, но може да биде и најголема модна утка доколку не знаете како да ги комбинирате.

Ги истакнуваат нозете, притоа не не стегаат, многу се удобни и можат да се комбинираат скоро со секое парче облека. Затоа и ги обожаваме хеланките!

Сепак, иако се практични и лесно се вклопуваат во дневните комбинации, хеланките можат да ви го уништат целиот стајлинг доколку го прекршите ова правило – мора да ги носите исклучително си долги блузи или фустани, во никој случај како што носите панталони.

Со хеланките заборавете на истакнување на половината или вовлекување на кошули испод, како и слични “модни трикови”.

Носете ги во спортски или опуштени комбинации, или во елегантна варијанта, како тоа што го прави Викторија Бекам на пример.

Погледнете некои од фантастичните начини како да ги носите хеланките оваа зима. И не заборавајте – црните, карираните и хеланките со живонски принт се ин оваа сезона.