Перо Пандилоски по четврти пат на „Gostivar Future Music Festival“ | Trendseteri
Menu

Перо Пандилоски по четврти пат на „Gostivar Future Music Festival“

Gostivar Future Music Festival

 

Музичарите од Гостивар повторно обединети на мултиетничкиот фестивал кој се одржа веќе четврта година по ред. Целта е да се покаже сплотеност, единство и дружење на различните етникуми како и можноста да се презентираат сите познати, а и помалку познати музичари од градот.

Фестивалот може да се каже дека веќе стана традиција во нашата општина. Ова е четврта година како ние настапуваме и испраќаме една порака “Со љубов од Гостивар”. Јас како изведувач и неколку други што сме уште од почетокот на создавање на овој фестивал продолжуваме да учествуваме и да даваме поддршка на овој настан. Од година во година се појавуваат и нови изведувачи што е добро. Кога сме кај посетеноста може да се пофалиме дека секогаш бројката е голема. Тоа е знак за добра организавија исто така и мотив да се продолжи понатака. Фестивалот ќе се одржи на 28ми овој месец со почеток во 21h на градскиот плоштад во Гостивар.