“ГОЛА” колекција на Ким Кардашијан | Trendseteri
Menu

“ГОЛА” колекција на Ким Кардашијан

Ким ја најави новата NAKED колекција на SKIMS

 

Откако го основаше новиот бренд за долна облека SKIMS, Ким Кардашијан не престанува со објавување на нови колекции. Ким на нејзиниот профил ја најави новата колекција “NAKED” во четири “голи” нијанси (кои одговараат на различни бои на кожа) и се достапни во сите величини.

Новата колекција на SKIMS се одликува со иновативен дизајн од посебни материјали кои совршено го обликуваат телото и ги нагласуваат најдобрите карактеристики, и сосема очекувано, наиде на воодушевување на бројните следачи. Посебно тоа што на фотографиите се прикажуваат жени од различни бои на кожа, облик на тело и големина и со тоа промовираат реални стандарди на убавина.