Џиџи Хадид во новата кампања на Reebok | Trendseteri
Menu

Џиџи Хадид во новата кампања на Reebok

Gigi Hadid x Reebok: Колекција за најхрабрите авантуристи

 

Втората по ред Reebok x Gigi Hadid Trail колекција ги поттикнува поединците да се охрабрат за авантура и да ја истражат дивината.

Reebok и Џиџи Хадид со новата колекција есен/зима отворија ново поглавје во нивната дизајнерска соработка. Модната икона Џиџи Хадид со својот беспрекорен стил и вештините од модните писти умешно ја претстави колекцијата на спортска облека и обувки. Храброста, енергијата и љубовта што таа ја има кон спортот ја одбележа оваа линија која ги поттикнува поединците да се охрабрат за нова авантура и да ја истражат дивината.

“Имам неограничено чувство кон природата. Моќта да дишете, да гледате во небото и да се чувствувате целосно неограничено. Кога ќе ја почувствувате слободата, можете да остварите било што. Ме инспирира се што е поврзано со природата. Светло, боја, енергија и нејзината комплексност. Мојата нова колекција е инспирирана токму од природата” изјави Џиџи Хадид.

Колекцијата Reebok x Gigi Hadid носи нови стилови инспирирани од Reebok колекцијата од 90-те со напредна технологија, функционалност и голема палета на бои. Беспрекорен спој на функционалност и стил. Наследството на Reebok и духот на Џиџи Хадид не водат по неистражени светови и галакции.