Џерард Батлер повторно е “сам” | Trendseteri
Menu

Џерард Батлер повторно е “сам”

Џерард Батлер раскина со својата девојка бидејќи не може да каже “не” на убавите девојки

 

После две години, шкотскиот актер Џерард Батлер повторно е слободен и сам. Ако можеме да им веруваме на британските таблоиди, врската со Морган Браун ја прекинал за да не мора повеќе да ги “одбива девојките кои го напаѓаат”. Кризата во средните години или нешто друго, не е познато, ама припадничките на понежниот пол воопшто не се замараат со причините зошто шкотскиот актер повторно е сам. Според пишувањата на порталот “Page Six”, неименуван извор близок на познатиот актер открива кои се причините за прекин на врската помеѓу Џерард и Морган.
-Девојките буквално му се фрлаат пред нозе. Тешко му е константно да говори: “Не, бегајте од мене, јас имам девојка!” – вели изворот. Дека нешто чудно се случува во врската помеѓу Џерард и Морган, можеше да се предвиди уште од Септември, кога Батлер е виден како пие пијачка во Лондон во друштво со седум жени.

Тој и неговата седум години помлада девојка својата љубовна приказна ја започнаа во Мај 2014 година, откако раскина со 20 години помладата манекенка Мадалина Генеа.