FUCK THAT SHIT !!! – На Фросе
Живеам во држава каде црквата не го одобрува абортусот, освен ако не се работи за абортус на калуѓерка. Живеам во држава каде црквата не ја одобрува ни хомосексуалноста надвор од неа (и надвор од Халкидики). Живеам во држава каде Грујо до лани ми кажуваше дека треба да имам многудетно семејство за да се зголеми наталитетот на македонците. Ни овие другиве не се нешто боље. Сељачини, не ми се мешајте во меѓуножјето. Тука само јас одлучувам. Живеам во држава каде самохраната мајка е курва и распуштеница, а самохраниот татко е херој. Каде мераклика означува промискуитетност, а мераклија е врвен комплимент. Живеам во држава каде сум послаб пол затоа што имам јајници, а не јајца. Каде што овој мој вулгарен речник ќе ви забоде очи затоа што сум женско и треба да сум културна и фина. Јебала ве вас финоќа кога живеете во време каде ако детето го носи презимето на мајката е копиле. Живеам во држава каде е важно да го развееш знамето и да шириш национализам, а не е важно тоа што платата ти е висока колку сметката за струја. Живеам на едно парче земја каде црквата и џамијата се користат за ширење насилство. Јебала ве вас и црква и џамија и патриотизам, кога не ви е важно тоа што вашите мајки, тетки, сопруги, работат прекувремено и под притисок како шивачки, пеглачки, чистачки, во текстилни фабрики за плата од 150 евра. Јебала ве вас религија и патриотизам кога смртноста на новороденчињата секоја година е се поголема. Живеам во земја каде најмногу се умира од демократија, патриотизам и вера. Ете затоа нема да не биде. Затоа оваа агонија ќе трае до недоглед.
Објави Фросина на нејзиниот ФБ профил