Модерни и во тренд и со поретка коса
Жените со тенка и ретка коса секогаш трагаат по фризура, која би им дала визуелно волумен на косата. Овој визуелен ефект се постигнува со посебно обликување и бојадисување на косата.
Стручните лица кажуваат дека идеална должина за тенка коса е до рамената. Ефектот на погуста коса би се постигнал ако околу лицето таа биде пократка или ако се одлучите за фризура со шишки.
Овие 3 фризури се идеални за жените со тенка и ретка коса:
1. Популарната боб фризура
Овој геометриски облик на фризура, каде што косата е остро шишана на краевите ќе даде волуменозност на вашата коса, односно таа ќе личи погуста.

2. Слоевито стилизирана фризура
Ова е еден од најефикасните начини за визуелно зголемување на волуменот на вашата коса. Посебно улога игра најкраткиот горен слој за зголемување на волуменот.

3. Прамени
Кога станува збор за бојадисување на тенка и ретка коса, прамените и преливот се најдобро решение. Комбинацијата на светли и темни прамени ќе направи илузија на густина и волуменозност на косата.
